Општина Центар објави јавен повик за ангажирање на лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамките на проектот „Образование за сите“ за учебната 2025/2026 година. Информации за овој повик се достапни преку општинската прес-служба. Право на пријавување имаат лица со најмалку завршено средно образование, а предност ќе имаат кандидати со соодветно високо образование и претходно искуство во работата со деца.




