Општина Аеродром овој викенд ќе стане центар на уличната кошарка, бидејќи ќе биде домаќин на најголемиот турнир 3×3 во светот – Red Bull Half Court, кој се одржува по четврти пат во Скопје.
На 13 и 14 јуни, паркот „Авионче“ ќе собира најдобрите баскетџии од Македонија, кои на новообновениот терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и можноста да учествуваат на светското финале на Филипини.

Настанот ќе се одржи на целово реновираниот терен во паркот „Авионче“, кој сега има модерен изглед, дополнително збогатувајќи еден од најпосетуваните спортски простори во општина Аеродром.
Покрај натпреварите полни со адреналин, посетителите ќе можат да уживаат и во настапот на светски познатиот Grabo Dunks, четирикратен FIBA шампион во забивање, кој ќе приреди атрактивно шоу за сите обожаватели на кошарката.

Со одлична спортска програма, музика и живописна атмосфера, Red Bull Half Court повторно ќе го претвори Аеродром во центар на кошаркарските настани и возбудувања.

Општина Аеродром ги поканува сите љубители на спортот да бидат дел од овој уникатен настан и да уживаат во незаборавен кошаркарски викенд во паркот „Авионче“.




