Некогаш заморот знае да нè претвори во тотални идиоти и да ни помогне да правиме глупости што никогаш инаку не би ни се лизнале. А некогаш, пак, и не е до заморот.
Чисто поради емпатија, се надеваме дека во овој случај е првото. Имено, женава е снимена на аеродромот во Сиднеј додека се обидува да се справи со потешкотиите при буткањето на количката за багаж. На неколкупати кутрата се обидува да сфати што е проблемот и зошто количката се движи потешко отколку што би требало, притоа веројатно прашувајќи се зошто има трето „беспотребно“ тркало на рачката…
https://www.facebook.com/bankstownhumans/videos/261727618080453/