Софија Хаџипантели е 22-годишна манекенка од Кипар, која славата му ја должи на еден посебен детал од своето лице – веѓата. Буквално.
Вицовите, Фејсбук групите и сеирџиските досетки за наш Марјан Стојановски одеднаш губат смисла кога ќе се погледне веѓата на Хаџипантели. Поради неа добива бројни непријатни коментари по друштвените мрежи, а некогаш дури и закани по живот, тврди таа.
Во гостувањето на Good Morning Britain, таа открива дека се труди да не ги чита коментарите. „Би сакала да ги прочитам оние убавите и позитивните, но тогаш би морала да ги читам и грдите. А ми велат дека ги има многу“, вели таа.
Од друга страна, Хаџипантели отворено признава дека токму поради веѓата добила кариера. Како што раскажува, во 2014-та по грешка премногу ги затемнила, а наместо да ги врати во првобитната состојба, била поканета да се бави со манекенство и ѝ бил понуден договор со агенција.
Добро ѝ оди и во приватниот, љубовниот живот. Самодоверба и утеха црпи во фактот што нашла маж кој ја сака – нејзиниот дечко, според неа, ја обожава нејзината веѓа. „И тој имал споени веѓи кога бил мал. Сака да ме гледа додека ги бојам веѓите“, открива таа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram