Околу 140 ученици од ОOУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење, кујната во училиштето е затворена

Директорот на училиштето вели дека кујната каде што се хранат децата е затворена и оти случајот е пријавен до сите надлежни институции, а бил извршен и вонреден инспекциски надзор

Околу 140 ученици од Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром денеска не се на настава, а наставниците пријавиле дека сите тие се со стомачни тегоби, дијареа и повраќање.

Станува збор за ученици кои се од пониските одделенија и кои се хранат во училишната кујна.

„Од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти или слични симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк“,

вели директорот на основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ Александар Филипчев.

Тој вели дека училиштето ќе постапи согласно законската регулатива и додава оти случајот е пријавен до сите надлежни институции и дека е извршен вонреден инспекциски надзор. 

Филипчев .

Од Детската и од Инфективната клиника велат дека кај нив нема згрижено деца што имаат симптоми на труење, а кои се од училиштето „Ѓорѓија Пулевски“.

Од Институтот за јавно здравје засега нема информација за пријавени случаи со труење со храна, а кои доаѓаат од ова скопско училиште. 

- Реклама -