Охрид како дел од македонската понуда на Меѓународниот саем за туризам во Белград

На меѓународната манифестација под слоганот „Едно патување, илјада приказни“, Општина Охрид има свое претставување. Заедно со неа, на настанот учествуваат Министерството за култура и туризам, ХОТАМ и други туристички субјекти. Туристичката понуда на Охрид е дел од 47. Меѓународен саем за туризам, кој се одржува во Белград.