Нововенчаната Анистон веднаш по завршувањето на медениот месец се облече во спортската опрема и „се даде“ на вежбање.
Таа штотуку се врати од луксузниот меден месец во Бора Бора по тајната венчавка со своето долгогодишно момче Џастин Тери.

И се чини, како многу нови невести, Џенифер Анистон се опуштила во диетата за време на романтичниот одмор.

А кога се врати на работа, 46-годишната актерка е фотографирана и изгледа позаоблено од претходно.

Но, таа не дозволува вишокот килограми да останат на неа, и веднаш започна со својот редовен тренинг за убаво и здраво тело.






