Со свечена церемонија на плоштадот „Скендербег“, денес официјално е отворен Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026. Настанот е организиран од Општина Чаир и Институтот за книга и промоција од Тирана. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во своето обраќање пред присутните истакна дека овој саем претставува важен момент за афирмација на културата и литературата во регионот.




