Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес, два километри пред наплатната станица Сопот, од 21:00 часот се одвива по само една коловозна лента. Оваа ситуација е предизвикана од поголем одрон кој зафаќа должина од 80 метри, соопшти Јавното претпријатие Македонијапат. Апелираме до возачите да бидат особено внимателни при движението на овој дел од патот.




