Францускиот институт во Скопје соопштува дека проекциите на филмови во рамките на Неделата на франкофонскиот филм, кои требаше да започнат оваа недела, ќе бидат одложени поради трагичниот настан во Кочани. Датумите за ново одржување на манифестацијата ќе бидат објавени дополнително. Целиот тим на Францускиот институт во Скопје изразува длабоко сочувство поради трагедијата што се случи во текот на ноќта меѓу саботата и неделата во Кочани. Во знак на почит, покрај одложувањето на филмската недела, сите други активности планирани за оваа недела исто така ќе бидат презакажани.