Уште еднаш се известуваат сите дека настанот „Глумците пеат“, кој беше предвиден за 8 и 9 април во Македонскиот народен театар, е одложен. Оваа манифестација има за цел да донесе веселие и да ги обедини луѓето, но во сегашната ситуација, никој од нас не се чувствува подготвен за тоа. Наскоро ќе ги соопштиме новите датуми. Влезниците кои ги имате купено ќе важат за следните термини. Ви благодариме што разбирате!