Сообраќајот на државните патишта се одвива без пречки, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските јадра е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и излез од државата, известува Агенцијата за безбедност на сообраќајот. АМСМ препорачува прилагодување на брзината на движење, како и строго почитување на поставените знаци и правила.




