Од Скопје ќе се лета до Женева и Париз

Двете дестинации, како што информираат од Министерството за транспорт, се воведуваат на барање на дијаспората, а со нив ќе оперира авиокомпанијата „Изиџет“
Женева и Париз се двете нови авиолинии кои се воведуваат од Меѓународниот аеродром Скопје.

Двете дестинации, како што информираат од Министерството за транспорт, се воведуваат на барање на дијаспората, а со нив ќе оперира авиокомпанијата „Изиџет“. Летот до Париз, до аеродромот „Орли“, ќе почне да функционира од 2 април, додека линијата до Женева ќе почне да се оперира од 3 ноември годинава.

Од Министерството посочуваат дека новите дестинации се дел од финансиската поддршка на Владата во рамки на јавниот повик за поддршка за воведување на нови авиолинии.

„Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е сè уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот. Верувам дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се јават на повикот, со некои и веќе преговараме и очекувам воведување и на други дестинации од домашните аеродорми. Имаме потенцијал, имаме капацитет и верувам дека повторно ќе ја зголемиме конкурентноста на аеродормите во регионот“,

вели министерот за транспорт Александар Николоски.
Во октомври минатата година од Транспорт информираа дека од скопскиот и аеродромот во Охрид од оваа година се воведуваат директни летови до шест нови дестинации – Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул.

Од Скопје ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион и Штутгарт – од Охрид до Истанбул и Базел

- Реклама -