Од понеделник се очекува повисока дневна температура

Стабилно и топло време пред нас

По краткотрајниот период на нестабилно време, од понеделник ќе започне нова етапа со стабилни и потопли температури, при што ќе се забележи и постепен пораст на дневната температура.

Во четврток и петок, дневните температури ќе се движат од 32 до 39 степени Целзиусови.

Синоптичарите за денес и утре најавуваат сончево време, со умерен до засилен северен ветер кој утре на некои места ќе достигне брзина над 60 километри на час.