Од досега обработените компании, од десет, најмалку шест се наоѓаат во постапка за одземање на лиценците, бидејќи не ги исполнуваат условите за лиценцирање наведени во законот, изјави министерот Алиу.
Тој истакна дека не може да пружи дополнителни информации кои ја довеле до оваа одлука стручната комисија на Министерството, бидејќи процесот е сè уште во тек.
На прашањето дали може да ги открие имињата на тие компании, Алиу нагласи дека сака да избегне тоа во оваа рана фаза, додавајќи дека завршниот извештај ќе биде објавен во вторник, кога ќе бидат соопштени причините и имињата на компаниите за кои Комисијата утврдила дека не ги исполнуваат условите.
Министерот нагласи дека ќе се направат промени во правилниците за регулација на оваа дејност.



