Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 10 април 2026 година започнува целосната имплементација на системот за влез во Европската Унија (EES – Entry/Exit System). Со овие новини, на надворешните граници на ЕУ ќе се воведе напреден, дигитален метод за евидентирање и контрола на патниците, особено на оние што патуваат за краткотраен престој од земји кои не се членки на Унијата.




