Според стручњаците, проблемот е отсуството на интервентен кардиолог во оваа група, што предизвикува сомнеж. Без присуство на таков експерт, особено во случајот со третиот странски стручњак, д-р Можина, кој е интернист, ситуацијата е нејасна.
Не е јасно зошто чекале толку долго за ангажирање на странските експерти. Првично се наведуваше дека причината се локалните избори, но тие завршија пред два месеци. Очигледно е дека работите не се одвиваат како што треба.
Исто така, нејасно е зошто Јавниот Обвинител молчи, кога постојат осум потврдени случаи на непотребни интервенции, зад кои стојат 16 врвни кардио-експерти. Понатаму, на тие осум случаи им беа додадени уште два. ЈО можеше веднаш да реагира, имајќи експертска анализа од 16 стручњаци.
На прашањето за промените во составот на постојната домашна комисија, од Министерството за здравство за МИА велат дека е направена измена само кај еден од претставниците. За нов член назначен е д-р Александар Станков, директор на Институтот за Судска медицина, додека претседавач останува д-р Жарко Христовски, специјалист по кардиологија од Аџибадем Систина, како највозрасен член.
За МИА не е јасно зошто е ангажиран лекар од Судска медицина, бидејќи тоа предизвикува револт кај поголемиот дел од 16-те експерти по кардиоваскуларни болести кои веќе се изјасниле.
На прес-конференција во ноември минатата година, министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека од 25 пријавени случаи, интерната комисија успеала да анализира 19. За 10 од нив утврдено е дека операциите биле непотребни или без основание упатени за операции. Тоа се случаите за кои сè уште се молчи, вклучувајќи го и ЈО.
Како што објавивме во септември, документот потпишан од 16 кардиолози и кардиохирурзи од државните клиники, заедно со осумте досијеа на пациенти на кои им биле извршени кардио-операции на приватна клиника, е предаден на Министерството за здравство и Фундот за здравствено осигурување. Во него се наведува дека кај овие случаи се констатирани „одредени неправилности во индикациите за оперативен третман“. Бројот на случаите подоцна нарасна на над 20.
На прашањето што тоа значи, одговорот од некои од потписниците беше краток и јасен: „Нема вистинска причина за операција, според медицината базирана на докази“.
Тоа значи дека во овие осум случаи, кои станаа 10, а сега не се сигурни колку сè уште се, според 16 кардиохирурзи и кардиолози, операциите биле непотребни, а потоа наплатени од Фондот за здравствено осигурување. Овде не се работи за стентирање, за што ФЗО немало договор со приватни клиники, туку за класични операции.
Се поставува прашањето зошто овие операции не се изведувале во државната кардиохирургија, зад која и била основана за оваа цел.



