Недавно објавеното издание на Глобалниот индекс на пасоши донесе значајни промени во рангирањето на државите, чии патни документи нудат најголеми привилегии за своите граѓани. Покрај можноста за патување без виза, индексот вклучува и фактори како што се условите за живот, економската стабилност и потенцијалот за инвестирање во земјата што издава пасошот. Оваа нова методологија е различна од традиционалните рангирања, кои се фокусираат само на формалните аспекти на патувањето.




