Објавена епидемија во Гостивар, причината сè уште непозната.

На територијата на Општина Гостивар официјално е прогласена епидемија, поради значителното зголемување на бројот на лица кои бараат медицинска помош за акутни стомачни тегоби. Здравствените служби активно работат на утврдување на причините за оваа појава, но засега не постои официјално објаснување. Министерот за здравство, Сашо Клековски, истакна дека здравствените установи продолжуваат со своите активности за справување со ситуацијата…