Добредојде на Новата Година во Скопје
Скопје ќе го дочека Новата 2026 година со голем и незаборавен дочек на плоштад „Македонија“. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски упати покана до сите граѓани, нагласувајќи дека вечерта ќе биде исполнета со музика, радост и заедништво.
Програмата ќе почне во 19:45 часот со настап на Миле Кузмановски, по што ќе следуваат Огнен Здравковски, Дина Јашари, легендарните Куку Леле и Тамара Тодевска. Кулминацијата на вечерта ќе ја хармонизираат омилените изведувачи на младата публика – Пајак, Лара и Два Бона. Магичниот момент на пречекот на Новата година ќе биде одбележан со настапот на Каролина Гочева.
„Доста беше мрак. Време е за заедништво и радост. Со наши домашни изведувачи, кои се во срцето на публиката, создадовме програма која ги поврзува сите генерации. Ова е наш подарок за градот – за повторно да живее, да пулсира и да сонува“, истакна Ђорѓиевски, повикувајќи ги сите граѓани да учествуваат во прославата.
Сите заинтересирани се добредојдени да бидат дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија, музика и незаборавни мигови.




