ОАЕ: Нападите од Иран не водат кон Израел и САД

Високиот советник на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Анвар Гаргаш, изрази уверување дека иранските напади врз државите од Персискиот Залив всушност ги приближуваат овие држави кон Израел и САД. „Иранските напади со полн интензитет на крајот ја зајакнуваат позицијата на Израел во регионот, а не ја ослабуваат“, истакна Гаргаш на настан организиран од Советот за надворешни односи.

Тој посочи дека во моментов се соочуваат со заканите од 2000 ирански проектили и дронови, нагласувајќи ја важноста на односите со САД во актуелниот конфликт. „Во оваа војна јасно е колку е значајна соработката со Америка. Иако понекогаш можеме да ја критикуваме поради одредени системи за одбрана или недостаток на реакција, сметам дека иранските грешки и нападите во регионот ја зајакнуваат улогата на САД, а не ја намалуваат“, додаде Гаргаш.

Прочитајте и:  „Македонскиот јазик е поважен од личните интереси“: Љутков остро одговори на Груевска-Маџоска

Според него, стратегията на Иран може да го зголеми нивното влијание како закана, додека истовременно ќе ја зајакне присутноста и улогата на Израел во регионот.