Кошаркарскиот тим на Денвер, по продолжение, славеше против Минесота во последниот, петти натпревар од Божикната програма во НБА. Овој меч заврши во екстра време, а Никола Јокиќ направи неверојатен учинок со 56 поени, 15 скокови и 16 асистенции. Ова е прв пат некој кошаркар да постигне 55 поени со 15 или повеќе скокови и асистенции.
Леброн Џејмс го одигра својот 20-ти натпревар на Божик, но неговиот тим, ЛА Лејкерс, беше поразен на домашен терен од Хјустон со резултат 119:96.
Божикната програма започна со натпреварот Њујорк – Кливленд, каде домаќините победија со 126:124. Оклахома Сити доживеа изненадување на својот терен од Сан Антонио, кој победи со 117:102, додека Голден Стејт го совлада Далас со 126:116.




