ТАВ Македонија донира ново амбулантно возило за Кочани
Во ТАВ Македонија, нашата обврска кон заедницата надминува само работата на аеродромите. Како општествено одговорна компанија, сме особено горди што можеме да донираме целосно опремено амбулантно возило со најсовремена медицинска опрема, со цел да ги поддржиме граѓаните на Кочани и околината. Нашата цел е да бидеме вистински партнер во општеството, особено во моменти кога треба да се спасуваат животи и да се подобри итната медицинска помош. Верата во тоа дека инвестициите во здравствената заштита се инвестиции во иднината на нашата заедница, е основа на нашето делување“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Како дел од својата поширока стратегија за општествена одговорност, ТАВ Македонија активира инвестира во иницијативи кои го подобруваат квалитетот на животот, градат отпорност и поддржуваат основни јавни услуги, наменети за безбедноста на заедниците и критичната инфраструктура.




