Новите „поздрави“ Kit Kat имаат само 4 калории помалку

Новиот и „поздрав” KitKat, кој ќе биде пуштен во продажба неделава, содржи само четири калории помалку од постоечкото чоколадо. Поборниците за поздрави производи го предупредија производителот Nestle дека треба да воведе „дополнителни подобрувања“, пишува Telegraph.

Новото чоколадо ќе содржи помалку шеќер и ќе се гордее со „екстра млеко и какао“, како дел од големите напори на Nestle да ги направи своите производи поздрави.

Арно ама, во моментов чоколатцата KitKat содржат 22 грама шеќер. Новата „More Milk More Cocoa“ ќе содржи 21.3 грама шеќер, т.е. само 0.7 грама помалку. По промената во состојките, новите Kit Kats ќе содржат 209 калории – само 4 калории помалку од постоечката верзија, која содржи 213 калории.

Според официјалните здравствени препораки, мажите треба да јадат околу 2.500 калории на ден, додека жените – 2.000 калории. Бројките се базирани на признанието на прехранбените гиганти дека нема да успеат да ја постигнат целта поставена од владата – да го намалат шеќерот за една петина до 2020-та година.

Прочитајте и:  Шефот на МИ5: Руската ГРУ предизвикува хаос во Британија и Европа

Да, производителите сепак се посветени на намалување на содржината на шеќер во своите производи, вели претставник на неколкуте големи компании меѓу кои Mars, Cadbury, Nestle и Kellogs, но не до таргетот поставен од владата. Nestle, конкретно, цели кон тоа да ја намали содржината на шеќер за 10% до 2018-та година.

Џени Розбру – кампањски менаџер во  Action on Sugar – организација што се залага за намалување на шеќерот во храната, вели дека треба да му се честита на Nestle, ама… „Супер е што компаниите бараат начини како да го намалат шеќерот. Тоа е чекор во вистинската насока, но потребно е да видиме поголемо подобрување од ова“.

„Овие нови Kit Kats ќе стојат на истите полици (со другите чоколади), а заради новиот брендинг, луѓето можат да помислат дека овие се поздравата опција. Но луѓето мораат да сфатат дека Kit Kats сé уште се закана и дека се само маргинално поздрави отколку обичен Kit Kat“, додава таа.

- Реклама -