Конфликтот на Блискиот Исток добива нова димензија по интензивирањето на напнатоста, откако Иран изврши ракетни напади на цели поврзани со САД, на значителна раздалеченост од околу 4.000 километри. Според најновите информации, меѓу целите биле и американски воени бази, што укажува на значително проширување на конфликтот и на подготвеноста на Техеран да се соочи со предизвици и надвор од својот непосреден регион.




