Новиот играч на ГРК Охрид – Јасухира

Косуке Јасухира е најновото засилување на ГРК Охрид. Овој јапонски ракометар пристигнува на позајмица до крајот на сезоната, со цел да и помогне на екипата во остварувањето на што подобри резултати во оваа историска сезона за клубот.

– Искрено сум среќен што се враќам во Македонија. Во тимот имам добри пријатели од Вардар и едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш. Потоа, со нетрпение очекувам да им помогнам на моите соиграчи да имаат уште поуспешна сезона. Особено сум благодарен за топлиот пријем од навивачите, што ми дава дополнителна мотивација, истакна Косуке.

Јасухира е репрезентативец на Јапонија и доаѓа од кувејтскиот клуб Бурган. Пред две сезони, тој забележа извонредни настапи во дресот на РК Вардар 1961. Игра на позицијата среден бек и има 25 години.

Прочитајте и:  Како би изгледала табелата во Премиер лигата без употреба на ВАР?