Новиот аеродром на Туркменистан во форма на сокол

falcon-airport-turkmenistan-1

Туркменистан има нов аеродром во главниот град Ашгабат. Изгледа модерно, кул и има форма на сокол. Изградбата чинеше 2.3 милијарди долари, а аеродромот може да обезбеди проток на 1600 патници на час.

Тоа што во цела 2015 година Туркменистан го имаат посетено само 105.000 туристи, т.е. 12 туристи на час, е сосема друга приказна, но натера многумина да се запрашаат за оправданоста на проектот.

Земјата оствари независност од Советскиот Сојуз во 1991 година. Произведува околу 70 милијарди кубни метри природен гас годишно, што е и главниот финансиски извор на земјата со 5 милиони жители. Како и во другите пост-советски земји, во Туркменистан не цветаат рози, има диктатура и високи нивоа на корупција.

Прочитајте и:  Роботи ќе ја одржуваат пистата на аеродромот во Загреб

Но којзнае, можеби имаат некој ас во ракавот со кој планираат да привлечат туристи. Ако продолжат со вакви дизајни, може и да им успее.

falcon-airport-turkmenistan-3 falcon-airport-turkmenistan-4 falcon-airport-turkmenistan-5

- Реклама -