Нови поддршки за развој на туризмот во Македонија – партнерство со Светската туристичка организација на ОН – Вечер …1963

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој води македонската делегација во Кралството Шпанија, вчера се сретна со Шаика ал Новаис, генерален секретар на Светската туристичка организација на Обединетите нации. Средбата во Мадрид се одвиваше во пријатна и работна атмосфера, при што беа разгледани можностите за подобрување на соработката и поддршката во одржливиот туристички развој.

Министерот Љутков му упати честитки на Ал Новаис за нејзиниот нов ангажман, нагласувајќи ја важната улога на UNWTO во развојот на туризмот, како двигател на економскиот раст и меѓународната соработка, особено во услови на глобални предизвици. Тој истакна дека Владата стратешки го размислува туризмот како важен сектор, што доведе до негово вклучување во Министерството за култура, со цел да се воспостави поефикасно управување со туристичките политики. Во овој контекст, министерот најави работа на нова Стратегија за туризам како важен документ за идниот развој на секторот.

Тема на разговорот беше и улогата на туризмот во регионалниот развој, заштитата на културното наследство, како и задоволството од руралниот развој и конкурентноста на туристичките понуди. Особен акцент беше ставен на потребата од системско евидентирање на туристичките ресурси и воведување индикатори за мерење на туристичкиот потенцијал по региони. Беше истакната и важноста на полноправното членство на Македонија во UNWTO, со можност експерти од Организацијата да се вклучат во едукација и јакнење на кадрите во туризмот, што ќе придонесе за подобрување на квалитетот и професионалноста во сферата. Средбата беше оценета како значаен чекор за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и UNWTO во иднина.

Пред тоа, министерот Љутков имаше работна средба со Фуад Нагхиев, директор на Државната агенција за туризам на Азербејџан. На оваа средба, беше потврдена подготвеноста за продлабочување на билатералната соработка во туристичкиот сектор, со фокус на отварање нови туристички пазари и организирање на B2B-средби, како и промоција на туристичката понуда на Македонија, особено во области како што се културен и активен туризам.

Денес, министерот Љутков ќе присуствува на свеченото отворање на Меѓународниот саем за туризам „FITUR 2026“, во присуство на шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција.

Активностите во рамките на овој саем ја потврдуваат стратегијата на Министерството за култура и туризам за интензивирање на меѓународната соработка и за засилување на институционалните капацитети, со цел Македонија да стане атрактивна и конкурентна туристичка дестинација низ целата година.