Израелските воени сили објавија дека извршиле нова серија воздушни напади на повеќе локации во Иран, при што биле погодени десетици цели поврзани со владата. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, израелската армија посочи дека меѓу погодените објекти се наоѓал и штаб за беспилотни летала на Корпусот на чуварите на Исламската револуција. Според тврдењата на израелската војска, токму од овој објект претходно биле лансирани дронови кон Израел, а во него имало и дополнителни беспилотни летала подготвени за акција. Во текот на нападите, биле погодени и неколку складишта за беспилотни летала, како и системи за противвоздушна одбрана, информираа од израелската армија.




