Во денешното соопштение, организаторите открија дека новата Формула 1 патека во Мадрид ќе го носи името Мадринг. Оваа современа патека во срцето на шпанската престолнина ќе биде сцена на Формула 1 трки од следната сезона. Покрај тоа, организаторите веќе го формализираа своето партнерство со Формула 1, потпишувајќи договор кој важи до 2035 година.
„Името Мадринг е инспирирано од ред други светски познати патеки, како што се Ред Бул Ринг во Австрија и Хунгароринг во Унгарија. Намерата е да се изгради јасен и лесно препознатлив идентитет кој ја рефлектира силната врска со Мадрид и го прави незаборавен за глобалната публика“, гласи изјавата од организаторите. Овие се на став дека патеката не само што ќе ја зголеми врската со Мадрид, туку и ќе претстави „импресивен амбиент“ што го нуди и во други градови како Мајами, Абу Даби и Лас Вегас. Последен пат Формула 1 трка во близина на Мадрид се случи во 1981 година, на патеката Харама, која се наоѓа на крајот од градот.