Нова експлозија на Кримскиот мост

Според соопштението на украинската безбедносна служба (СБУ), пред неколку часа се слушна нова експлозија на мостот кој ги поврзува Русија и Крим.

СБУ потврдилa дека операцијата во Украина продолжува.

Претходно, СБУ објави дека утрово минирала мостот со 1.100 килограми експлозив, за време на што беа оштетени столбовите под водата.

Руските власти во Крим веднаш го затворија мостот за сообраќај.

Крим беше анексиран од Русија во 2014 година. Од почетокот на руската инвазија на Украина, овој патен и железнички мост е нападнат три пати од страна на украинските сили. Кримскиот мост доживеа значителни оштетувања при претходните напади во октомври 2022 година и јули 2023 година.