Нова дигитална тарифа за млади од Македонски Телеком

Македонски Телеком претстави нова дигитална тарифа наречена „W“, создадена специјално за потребите на Генерација Z, нагласувајќи флексибилност, брзина и ексклузивни понуди преку Magenta Moments. Насочена кон начинот на комуникација и навиките на младите, „W“ нуди три клучни предности: неограничени разговори, 50GB мобилен интернет и 5G брзина.

„W“ претставува нешто повеќе од обична тарифа, тоа е целосно нов концепт дизајниран за младите, кој е прилагоден на нивниот модерен начин на живот. Тарифата им овозможува постојано да бидат поврзани, да делат содржини, да комуницираат и да играат игри без ограничувања и со високи брзини. Нашата цел беше да понудиме нешто навистина ново и уникатно, што ќе ги изненади младите корисници. Затоа „W“ вклучува ексклузивни придобивки преку Magenta Moments, кои ќе донесат значителна вредност,“ истакна Емилија Андоновска, Главен комерцијален директор за приватни корисници.

За да ги искористат максимално придобивките од „W“, корисниците треба активно да ја користат апликацијата Telekom MK: да ги плаќаат сметките, да активираат нови пакети, да се вклучат во програмата Magenta Moments, да играат игри и да покануваат пријатели и семејство да ја користат апликацијата.

Преку Magenta Moments, во делот за Телеком поволности, на располагање ќе бидат дополнителни пакети кои ќе може да се активираат со собирање на срца, како на пример: неограничен интернет, неограничени SMS пораки, интернет во роаминг и специјалните пакети Speak Out и Stream On. Освен овие телекомуникациски придобивки, ќе бидат достапни и ексклузивни понуди од партнерите кои се специјално наменети за корисниците на оваа тарифа.

Новата дигитална тарифа е создадена за да понуди најнапредни дигитални услуги и максимална вредност за младите корисници.