Бастијан Швајнштајгер бил забележан во страствена прегратка со нова девојка, по што се чини дека неговиот брак со Ана Ивановиќ е во криза.
На неодамнешен одмор во Грција, Бастијан бил фатен во топли моменти со Силва, за која медиумите објавуваат дека била поранешна танчерка. Двојката не само што разменувала бакнежи, туку и гушкања на лежалките, а во еден момент Силва седнала на него.
Со месеци се спекулираше за можното нарушување на нивната врска, а ретките заеднички објави на социјалните мрежи само ги зголемувале сомнежите. До сега, ниту Ана, ниту Бастијан не се изјасниле јавно во врска со гласините за развод, но ваквите моменти само ја зголемуваат љубопитноста на јавноста.
Бракот на Ана и Бастијан е остварен во 2016 година во Венеција.




