Нов инцидент во Белград: Маж повреден во „Чациленд“

Инцидент во центарот на Белград

Во центарот на Белград, во непосредна близина на Народното собрание, се случи уште еден инцидент. Припадниците на полициските интервентни единици кои го обезбедуваат кампот познат како „Чациленд“, уапсиле маж, за кого Министерството за внатрешни работи соопшти дека напаѓал жител од оваа шаторска населба. 27-годишниот Д.П. го нападнал со нож 37-годишниот М.Н.

Во „Чациленд“ досега имало неколку насилни инциденти и физички пресметки. Повредениот М.Н. веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, а полицијата го уапсила напаѓачот. Министерството објави дека нападот се квалифицира како лесна телесна повреда, отфрлувајќи ги првичните шпекулации на социјалните мрежи дека се работи за терористички акт. Како што пренесе Б92, институциите брзо ја демантирале таа информација.

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на инцидентот: „Граѓаните не треба да се плашат. Државата знае како да се справи со насилниците. Нема да дозволиме сценарија на уличен хаос. Институциите ќе реагираат строго на секој обид за нарушување на јавниот ред“.