Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем се закити со златен медал на Зимските олимписки игри, оставајќи зад себе две конкурентки, Ника Превц и Нозоми Марујама. Норвежанката покажа изванреден перформанс во двете серии и сосема заслужено го освои највредниот медал.
По првата рунда, Ана одигра одличен скок од 100 метри, добивајќи 136,9 поени, што ја постави на лидерската позиција. Словенката Ника Превц заврши со 135,9 поени од скокот од 98 метри, а Јапонката Нозоми Марујама беше третопласирана со резултат од 135,7 поени и должина на скокот од 97 метри. Четвртото место и припадна на Норвежанката Ејурин Марија Квандал, која скокна 99,5 метри и доби 131,9 поени.
Фото: ЕПА




