Норвешката министерка за здравство: Пушете, јадете и пијте колку сакате, не е моја работа

Новата министерка за здравство на Норвешка – Sylvi Listhaug, со својата изјава ја разбранува норвешката јавност. Причината е изнесениот став – дека луѓето треба да бидат оставени да јадат, пијат и пушат колку сакаат.

Листхауг важи за популистичка политичарка позната по „противимигрантските ставови“. Именувана е за министерка за здравство во петокот, година подоцна откако мораше да се повлече од функцијата на министер за правда, поради спор околу законот за безбедност.

За контpoверзни, дел од норвешката јавност ги смета и нејзините изјави дека не планира да биде „морална пoлицaјкa“, како и тоа дека е погрешно што пушачите во денешно време се третираат како „отпадници“ од општеството. Критичарите велат дека таа „нема појма“ што значи тоа јавно здравје.

Сепак, ставот што таа во суштина го застапува е дека луѓето не треба да бидат третирани како деца кои не можат да се грижат сами за себе.

„Моето сфаќање на јавното здравство е многу едноставно. Не мислам да бидам морален пoлицaeц и да им кажувам на луѓето како да ги живеат своите животи, но имам намера да им овозможам да се информираат и сами да одлучат“, појасни таа во интервју на норвешката телевизија NRK. „Луѓето би требало да бидат оставени да пушат, пијат и јадат црвено месо колку им душа сака. Властите можат да ги информираат, но луѓето и онака многу добро знаат што е здраво, а што не е“.

Како поранешен пушач, Листхауг за пушачите го вели следново:

„Мислам дека голем број пушачи се чувствуваат како отпадници, како да мораат да се кријат. А тоа е глупаво. Иако пушењето не е добро бидејќи му штети на здравјето, возрасните луѓе мораат сами да одлучуваат што ќе прават или нема да прават“.

Критичарите, пак, се плашат дека голем дел од луѓето ќе ја „послушаат“ новата министерка. Тоа, предупредуваат, би го вратило јавното здравје неколку децении наназад.

Листхауг, која е членка на десничарската Напредна партија која е дел од коалицијата предводена од конзервативците, и порано важеше за контpoверзна политичарка. Минатата година, како што спомнавме, мораше да се повлече од позицијата министер за правда откако ги обвини лабуристите и христијанските демократи дека „вистинските тepopисти“ им се поважни од националната бeзбeднocт, откако тие го блокираа законот кој на властите ќе им овозможеше да им го одзема норвешкото државјанство на лицата ocoмничени за тepopизам. Христијанските демократи тогаш се зaкaниja дека, ако Листхауг не се повлече, ќе ја срушат владата.

Во 2016-та, пак, јавноста ја исмејуваше кога Листхауг скокна од спасувачки брод во Средоземното море, за да види на своја кожа како е да си мигpaнт.

- Реклама -