Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека сообраќајот повторно е пуштен од 11 часот

Илустративна фотографија

По повеќе од еден час прекин, сообраќајот на регионалниот пат Гевгелија – Богданци е нормализиран и тој се одвива во двата правци.

Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека сообраќајот е нормализиран од 11 часот.

Претходно од АМСМ информираа дека поради излизгана машина за чистење на снег сообраќајот на овој пат во двата правци беше во прекин од 9:50 часот.

Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ денеска информираа дека целокупната механизација и работна сила е излезена на терен и работат на чистење на сите државни патишта.

Оттаму додаваат дека сообраќајот се одвива по влажни коловози на кои има остатоци од кашест снег.

Од „Македонија пат“ велат дека на располагање се и фирмите со кои соработуваат за да има навремено справување со снежните наноси.

Од 8 часот утрово, поради големи наноси на снег на коловозот, целосен прекин на сообраќајот има на патот од Крушево кон селото Пуста река.

- Реклама -