Ништо веќе не може да ме изненади во фудбалот

Поранешниот голман на Тотенхем, Хуго Лорис, ги сподели своите размислувања за отказот на Анже Постекоглу од позицијата главен тренер на клубот.

„Во фудбалот веќе не можам да се изненадувам. Не знам што точно се случуваше во клубот, па не можам да судам. Ако управата донела ваква одлука, тоа значи дека веруваат во некоја друга опција која е подобра за иднината на тимот. Она што Анже Постекоглу го постигна беше исклучително“, изјави Лорис.

На почетокот на јуни, Тотенхем го отпушти Постекоглу, а на неговото место дојде Томас Франк.

Грчкиот стратег го предводеше тимот од 2023 година. Под негово водство, Спарс успеаја да ја освоија Лигата на Европа, што е нивна прва титула од 2008 година.

Според информациите од британските медиуми, Постекоглу би можел да стане главен тренер на Ал-Ахли.