Николоски: Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ го пензионираше Заев, а по промената на власта ќе одговара и за криминалот

„Ние не комуницираме со Заев, ние го пензиониравме него на локалните избори. Ние политички го пензиониравме, Заев даде оставка по поразот на локалните избори, а тој беше резултат на ова раководство кое е сега на ВМРО-ДПМНЕ“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју во емисијата „360 Степени“ на јавниот радиодифузен сервис МТВ, за обвинувањата за наводна соработка на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ.

По изборите, кога ќе се смени власта, ќе се испита работата на Заев, уверува Николоски.

„По промената на власта детално ќе ја испитаме неговата работа и доколку има одговорност ќе одговара“, рече Николоски.

Тој укажа дека нападите од партијата сега се кон Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ

„Додека беше претсеадтел на партијата и на Владата, логично ударот да е кон него, кон Заев, а сега е кон Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ, двајцата како двоец“, заклучи Николоски.

- Реклама -