Николоски: Отворени 22 нови патишта кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа

Министерот за транспорт, Александар Николоски, нагласи дека авиосообраќајот во Македонија е во динамичен пораст, со отворање на 22 нови авионски линии кои ја поврзуваат нашата земја со Европа. Според неговите зборови, аеродромите во Македонија стануваат важни регионални играчи, а во иднина планирани се дополнителни активности за подобрување на транспортната инфраструктура.

„Авиосообраќајот во Македонија се развива со забрзана брзина. Отворени се 22 нови рути што ја поврзуваат нашата земја со цела Европа. Аеродромите во државава, со сè поголемиот број на патници, стануваат лидери во регионот. Продолжуваме со нови активности во следниот период за дополнително зајакнување на авиосообраќајот“, изјави Николоски.

Прочитајте и:  Напад со дрон за време на велигденското примирје однел животи во Украина