Го намаливме ДДВ-то најмногу во регионот, а исто така интервениравме со акцизата, што значително влијаеше, особено ако се земе предвид дека вкупната инфлација во март годинава во споредба со март минатата година изнесува само 0,7%. Сепак, на пазарот се забележуваат одредени шпекулативни однесувања во однос на цените. Вицепремиерот Александар Николоски во емисијата “Само интервју” на ТВ Канал 5 истакна дека на редовната седница на Влада во вторник ќе ги разгледаме извештаите од Министерството за економија и на тој начин ќе дадеме нови насоки за мерки.
“Она што го забележуваме е дека постојат шпекулативни однесувања, затоа што не можам да си го објаснам порастот на цените од еден ден за друг. На пример, цената на битуменот порасна речиси за 100% само за еден месец. Затоа, Министерството за економија во соработка со Државниот пазарен инспекторат е задолжено да направи споредба на цените и количините, а во вторник ќе ги разгледаме извештаите и ќе спроведеме мерки. Можеби ќе треба да ја комбинираме политиката на олеснување со рестриктивни мерки за оние кои ја злоупотребуваат ситуацијата”, изјави Николоски.
Тој исто така ги спореди цените на горивата во регионот и нагласи дека Македонија има најниски цени по интервенциите на Владата. “Во делот на цените поврзани со берзата, како бензинот и нафтата, презедовме одредени мерки. Знаете дека имаме најниски цени на супер, безоловен и дизел гориво во целата област. Всушност, зголемениот интерес за овие производи од страна на граѓани од надвор, особено во граничните области со Грција, само ја потврдува нашата теза”, додаде Николоски.
Во случај кризата да продолжи, тој најави преземање на дополнителни мерки.




