На автопатот Гостивар – Букојчани се работи на 11 од планираните 31 километар, а напредокот изнесува 60 проценти. На рутата Тетово – Гостивар, пак, се активирани околу 14 километри од предвидените 17,5, при што реализацијата е 8,4 проценти. Од Владата истакнуваат дека вложуваат максимални напори за да се овозможи изведувачите да ги завршат овие проекти, како и останатите, во најкраток рок.




