Никола Василевски е новиот кошаркар во составот на МЗТ Скопје Аеродром.
Тој има 23 години и е бек висок 190 сантиметри. Во неговата кариера веќе може да се пофали со настапи за сениорската репрезентација на Македонија.
Во минатата сезона ги бранеше боите на Кожув, а претходно играл за ТФТ и за босанскиот клуб Промо. Пред пет години, Василевски беше дел од вториот тим на МЗТ Скопје Уни Банка.




