Рибите треба да внимаваат на скриени љубовни врски, додека Девицата се подготвува за значајна промена во животот.
Овен (21.3 – 20.4)
Работа: Неделава носи нови шанси за напредување, особено за оние што се занимаваат со креативни или самостојни активности. Средба со влијателна личност може да отвори нови патишта.
Љубов: Ве очекува ново познанство, претежно со некој кој има професии во уметноста или медицината. Бидете внимателни за да не ги мешате професионалните и емоционалните аспекти.
Здравје: Добро, но ви треба одмор.
Бик (21.4 – 21.5)
Работа: Избегнувајте финансиски ризици и не потпишувајте договори без длабока анализа. Вашиот тим може да биде недоверлив, па задржете одреден степен на дискретност.
Љубов: Постои можност за обновување на стара љубов преку заеднички пријатели или преку социјалните мрежи. Нови познанства може да резултираат со разочарувања.
Здравје: Пад на имунитет – внесувајте повеќе витамини.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Работа: Имате поддршка од влијателна личност, посебно во проекти што бараат инвентивност. Средината на неделата носи одлични прилики за преговори и јавни настапи.
Љубов: Веројатно е да се случи флерт на работа или при патување. Ако сте во врска, партнерот може да биде љубоморен.
Здравје: Бидете претпазливи при физички активности – постои ризик од повреди.
Рак (22.6 – 22.7)
Работа: Очекувајте значајна промена или понуда за која подолго време чекате, но не се сите шанси онакви какви што изгледаат.
Љубов: Тајните пораки и средби може да создадат непријатни ситуации. Ако сте сами, можна е бурна романса со некој од странство.
Здравје: Склоност кон главоболки.
Лав (23.7 – 22.8)
Работа: Вашата самоувереност ќе ве истакне пред конкурентите. Но, внимавајте да не ги прецените своите способности. Неочекувана понуда бара брза одлука.
Љубов: Стар познаник кој сè уште го носите во срцето може повторно да се појави. Стари чувства би можеле да се разбудат.
Здравје: Проблеми со спиење.
Вага (23.9 – 22.10)
Работа: Ќе бидете пред дилема – да прифатите нова опција или да останете на сигурно. Пазете на комуникацијата со колегите.
Љубов: Имате можност за стабилна врска со некој од секојдневието. Но, внимавајте – не е се онакво какво што изгледа.
Здравје: Синусни проблеми и алергии.
Шкорпија (23.10 – 22.11)
Работа: Ќе добиете нова инспирација и сила. Постои можност за приватна соработка или креативен проект, но задржете некои информации за себе.
Љубов: Вашата привлечност е моментално на високо ниво. Стар пријател можеби ќе иницира нов контакт; размислете добро дали вреди.
Здравје: Пазете на крвниот притисок.
Стрелец (23.11 – 21.12)
Работа: Изненадувачка понуда или информации поврзани со странство. Ова е совршен момент за патување или започнување курс кој ќе ја прошири вашата перспектива.
Љубов: Врската со партнерот се стабилизира. Слободни стрелци може да привлечат личност со исти вредности.
Здравје: Добро, но не расфрлувајте ја премногу енергијата.
Јарец (22.12 – 20.1)
Работа: Може да изгледа дека работите се одолговлекуваат, но тоа е само привид. На крајот на неделата, ќе добиете потврда дека сте на вистинската патека.
Љубов: Можно е да се зближите со некој кој ви нуди сигурност. Не брзајте – стабилноста ќе дојде со време.
Здравје: Потребно е повеќе течности.
Водолија (21.1 – 19.2)
Работа: Конфликт со надредени може да го поквари вашето расположение, но на крај ќе се реши во ваша полза. Фокусирајте се на тоа што ви причинува радост.
Љубов: Ќе привлекувате внимание каде и да сте. Случајна средба на уметнички настан може да биде значајна.
Здравје: Психички замор – потребно е повеќе време за релаксација.
Риби (20.2 – 20.3)
Работа: Пред вас е период на успех, но не сите ќе го делат вашето радост. Чувајте ги новите идеи за себе. Ќе добиете поддршка од женска личност од блиското опкружување.
Љубов: Пазете се од тајни врски или личности кои не се слободни. Ако сте во врска, партнерот ќе побара повеќе внимание од вас.
Здравје: Осетливост на дигестивниот систем.