Невидливи знаци на македонските улици, системот „Безбеден град“ станува „недостапен“

Овие „паметни“ таблички функционираат на начин што со едно притискање на копчето, регистарската табличка исчезнува.

Системот „Безбеден град“ станува „слеп“

Ова не е само сцена од акционен филм; станува збор за технологија која повеќе од пет години е присутна на македонскиот пазар. Именувана како „смарт таблички со завеса“, овие уреди овозможуваат регистарската табличка на автомобилот да се покрие или сокрие привремено. Најчесто, овие системи се инсталираат како рамка за табличката и содржат електричен механизам со подвижна завеса, активирана со далечински управувач. Со притискање на копчето, завесата се спушта и ја сокрива табличката, правејќи ја нечитлива за камери и системи за контрола на сообраќајот, како што е системот „Безбеден град“. Доказ за ова е снимката до која дошло МКД.мк, на која се гледа како непознати лица менуваат рамка на регистарска табличка во Струга.

Резултатите од проверката на МКД.мк покажуваат дека само една компанија во Македонија (Дог секјурити) легално продава вакви „паметни“ рамки за регистарски таблички преку својата онлајн продавница. Тие нудат два типа. Првиот, прикажан во видеото, претставува смарт механизми за таблички со завеса и со попуст од 20% се нуди за 8.900 денари или околу 144 евра.

Другиот модел е ротирачки „паметен“ механизам за регистарски таблички, кој од едната страна ја прикажува регистрацијата на возилото, при што завесата не е присутна, но може да се ротира, со што се сокрива бројот. Од другата страна, сопственикот може да постави своја реклама. Овој механизам, исто така со 20% попуст, чини 9.920 денари или околу 160 евра.

„Паметните механизми за регистарски таблички што ги споменувате се легално увезени, за нив се платени сите давачки“, велат од Дог секјурити за МКД.мк.

„Што се однесува до моделот со завеса, тој се користи исклучиво кога автомобилот е паркиран. Сите други случаи се сметаат за прекршување на законите, а одговорноста ја носи оној што го направил прекршокот. Таков модел имавме нарачано пред пет години, но мислам дека само еден, а можеби ниту еден таков не продадовме. Што се однесува до снимката од Струга, можеби тој механизам е купен од Тему, бидејќи ние не сме го продале. Другиот модел, со ротирачки механизми, не ја покрива табличката и најчесто се користи за реклами, особено на автомобилски натпреварувања. Таквиот механизам најчесто го купуваат компании кои сакаат да го рекламираат својот бизнис или државни служби“, додаваат од Дог секјурити во телефонски разговор за МКД.мк.

Прочитајте и:  Министерот за одбрана на САД: Прашањето за муницијата е преувеличено

Потенцијалниот ризик за криминални активности

Инсталирањето механизми што ја покриваат или ја прават нечитлива регистарската табличка отвора сериозни прашања за законитоста на продажбата и употребата на овие „паметни“ уреди.

Иако во Законот за возила не се споменува терминот „безбедна табличка“, јасно се забранува секоја интервенција што ја прави табличката нечитлива или прикриена. Регистарските таблички ги изработува овластено правно или физичко лице, и задолжително треба да бидат соодветно квалитетни и заштитени. Не е дозволено да се менуваат регистарските таблички на возилото.

„Возилото не може да учествува во сообраќај со изменети регистарски таблички. Тие мора да бидат поставени на предвидено место, да бидат видливи и читливи, неоштетени и некриени. Казната за сопственикот на возилото што постапува спротивно на законот изнесува 100 евра“, се нагласува во Законот за возила.

Министерството за внатрешни работи (МВР) најавува оперативно тактички мерки за пронаоѓање и санкционирање на возачите кои ги прикриваат или оштетуваат регистарските таблички со цел да избегнат детекција од камерите на системот „Безбеден град“. Според МВР, прикривањето на регистарските таблички не претставува закана за системот „Безбеден град“.

Во текот на 2025 година, МВР регистрирало 112 вакви прекршоци низ цела Македонија.

Во Европа „паметните“ таблички се строго забранети

Во неколку европски земји, ваквите механизми се строго забранети. Основниот правен принцип во сите европски држави е дека табличката мора да биде постојано видлива и фиксно поставена. Меѓутоа, речиси во сите нив е забрането да се применуваат механизми кои можат да ја сокрие или изменат регистарската табличка, поради што „паметните“ таблички често се сметаат за манипулација со регистрацијата и измама на сообраќајните системи како АНПР камери и патарини.

Држави како Германија, Полска, Обединетото Кралство, Шпанија, Италија, Норвешка, Шведска, Холандија и Португалија строго ги казнуваат ваквите actes, со казни од 80 до 120 евра и потенцијално одземање на возачката дозвола, а во потешки случаеви, казна затвор од три до пет години.

Искра Опетческа