Невеш со емотивна порака се простува од Жота: „Животот нè соедини и сега ништо не може да нè раздели“

Трагедија во фудбалот: Почина Диого Жота

Во фудбалскиот свет владее длабока тага по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалскиот репрезентативец, Диого Жота. Тој, заедно со својот брат Андре, изгуби живот во сообраќајна несреќа во четвртокот наутро.

Многу спортисти изразија сочувство и оддадоа почит на својот пријател и колега. Меѓу најемотивните изјави се истакнува постот на неговиот најблизок пријател, фудбалерот Рубен Невеш, кој моментално игра за Ал Хилал во Саудиска Арабија.

Невеш сподели длабоко чувствителна порака на својата Instagram страница, објавувајќи неколку фотографији од нив заедно. Тој денес во Гондомар беше единствениот фудбалер што го пренесе ковчегот со посмртните останки на својот другар.

„Каде и да си, знам дека ќе го прочиташ ова. Знаеш колку ми значеше и колку и јас значев за тебе. Ние не бевме само пријатели, туку семејство, и тоа никогаш нема да се промени само поради твојот пат кон новите предизвици. На репрезентативните собири, ти ќе бидеш покрај мене – на масата, во автобусот, во авионот… Ќе се погрижам твоите најблиски да не им недостасува ништо, бидејќи знам дека ти, иако далеку, мислиш на нас. Животот нè спои, и сега ништо не може да нè раздели. Од сега натаму, секогаш ќе излегуваш со мене на терен и заедно ќе чекориме по патот каде што се сретнавме. Те сакам!“, напиша Невеш.

Последниот поклон на семејството и пријателите на Жота беше денес во Гондомар, каде што беше погребан фудбалерот на Ливерпул заедно со својот брат.