Јаник Синер, највисоко рангираниот тенисер во светот, во неделата во Рим постигна ново значајно успевање во својата кариера.
Италијанскиот ас ја освои титулата на Турнирот Мастерс во „Форо Италико“, по победата над Каспер Руд со резултат 2-0 (6:4, 6:4) во сетови.
Синер продолжи со неверојатната серија, освојувајќи го шестиот последователен турнир од категоријата Мастерс. Со ова, го достигна и „златниот мастерс“ – сега располага со сите турнири од серијата 1.000 во својата колекција.
Вкупно, остварува 34 последователни победи на Мастерс турнирите. Во четвртфиналето во Рим, со победата против Андреј Рубљов, го надмина Новак Ѓоковиќ, кој го држи рекордот од 2011 година со 31 последователна победа на овие турнири.
фото/ епа




