Нетанјаху уверува дека Израел успешно делува во Либан, и покрај примирјето

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео на платформата Икс, каде за првпат ја коментира најавата од американскиот претседател за продолжување на примирјето во Либан за дополнителни три недели.

„Имаме целосна слобода на дејствување против секоја закана, вклучувајќи новите предизвици“, изјави Нетанјаху, според информациите од „Тајмс оф Израел“. „Нападнавме вчера и продолжуваме и денес. Обезбедувањето на жителите на северот е наш приоритет“, додаде премиерот.

Тој ја обвини милитантната група Хезболах дека се обидува да го попречи договорот за примирје. И покрај постоењето на примирје, израелските воени сили продолжуваат со операциите во јужен Либан, со напади на повеќе локации, при што некои извори тврдат дека се погодени и станбени објекти.

Прочитајте и:  Сиљановска-Давкова ги прими светските шампиони и вицешампиони во ученички ракомет