Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за утре во 18 часот свика состанок на својот Кабинет за безбедност во Ерусалим. Ова беше објавено денеска од неговиот кабинет.
За време на тричасовната средба со ограничен број соработници, Нетанјаху презентираше различни опции за идните воени акции во Газа.
Според информации, Кабинетот се подготвува да усвои одлука за целосна воена окупација на Појасот Газа за време на утрешниот состанок, и покрај предупредувањата од начелникот на Генералштабот, Ејал Замир, како и од воените претставници кои се против овој потег.




