Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, е меѓу четирите лица кои се вклучени во акцијата на Управата за финансиска полиција, потврдуваат извори на Скопје1. Според неофицијални информации, тој е приведен.
Акцијата се реализира во соработка со Основното јавно обвинителство и се фокусира на сомневања за местење тендери, како и на незаконитости во постапките за јавна набавка поврзани со Царинската управа.
Осимничените се обвинети за различни злоупотреби, финансиски малверзации и други незаконски дејствија поврзани со тендерската процедура. Во моментов, надлежните органи не даваат дополнителни информации за случајот, а официјални детали од Финансиската полиција и Обвинителството се очекуваат во текот на денот, со објаснувања за конкретните сомнежи и обемот на истрагата.



